Закани со бомби во Аргентина: Евакуирани амбасадите на САД и Израел

Закани-со-бомби-во-Аргентина-Евакуирани-амбасадите-на-САД-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската и израелската амбасада во Аргентина денеска се евакуирани по заканите за бомби, јавуваат локалните медиуми.



Амбасадите добиле закани преку електронска пошта, пренесуваат медиумите.

На терен се надлежните служби.

Медиумите потсетуваат дека синоќа во Истанбул демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на израелскиот конзулат при што беа повредени 63 лица, меѓу кои 43 полицајци.

Пренесуваат дека стотици демонстранти се собраа и пред американската амбасада во Либан. Тие се обиделе да ги пробијат безбедносните бариери, по што полицијата употребила солзавец за да ги растера.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK