Алекасандар Велјаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Анкетната комисија за Онкологија со неколку прашања во врска со случајот, а кои се однесуваат на делот на Фондот за здравствено осигурување.
Прашањата беа упатени до Миле Сугарев, раководител на сектор за финансиски прашања и вд. директор на ФЗО, шест месеци, пред Магдалена Грашкоска.
Според него, треба да се даде одговор на тоа дали ФЗО имал информации дека се фаворизирала една веледрогерија која според повеќе наводи има монополска позиција.
Велјаноски со уште едно конкретно прашање до Сугарев кој шест месеци беше вд. директор на ФЗО, во периодот пред да се назначи пред Магдалена Грашкоска.
„Дали вие како директор на ФЗО сте потпишале дополнителни средства за Клиниката за онкологија без притоа да се почитува процедура за набавка на лекови внатре во Клиниката и Министерството за здравство“, праша Велјаноски.
На денешната седница на Анкетната комисија за Онкологија на распит беа Орхан Рамадани, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување и Миле Сугарев, раководител на Сектор при ФЗО и поранешен вд. директор на Фондот.