По повод третиот роденден, ЈП Лајка организираше „Изложба на вдомени кучиња“.
„Заедно со граѓаните кои вдомиле куче, покажавме дека и вдомените кучиња се одлични домашни миленици. Во 10 прекрасни категории продефилираа 65+ кучиња на оваа изложба, сите вдомени и спасени од суровите улици. Сопствениците ја раскажаа нивната приказна за тоа како го спасиле сами својот вдомен миленик или како се одлучиле да го вдомат од ЈП Лајка или преку здруженијата и активистите“, велат од „Лајка“.
Од тука изразија надеж дека преку овој прекрасен пример ќе ги поттикнат и другите граѓани да се одлучат да вдомат, а не да купат куче.