Министер со плата од 2000 евра јаде цел ден за стотина денари, а работник со минималец јаде месен нарезок со поскапи цени, вели ВМРО-ДПМНЕ

Министер-со-плата-од-2000-евра-јаде-цел-ден-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Лицемерието на власта на СДС и ДУИ нема крај. Додека народот се тоне во сиромаштија поради високата инфлација, а власта вели дека тоа било така секаде, во владините бифеа цените стојат замрзнати и тоа на минимум“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


„Студентите нека се чудат што да јадат, пензионерите нека се борат секој ден дали да купат леб или лекови, ама затоа министрите ќе се гоштеваат по екстра ниски цени. Ако четврт бурек, ѓеврек и јогурт стануваат луксуз за народот, затоа што треба за него да одвојат околу две евра, во владините бифеа за истите пари кркаат сланина на скара( за 110 денари) или вешалица од свинско каре (за 135 денари).

Го слушате Ковачевски, Битиќи или Бектеши дека поскапуваат цените на детската храна затоа што тие тоа го сметаат за луксуз, а веројатно половина час порано јаделе омлет со свинско за 65 денари, тост со врат за 75 денари или тулумби и баклави за 30 денари.

Еден министер со плата од 2000 евра јаде цел ден за 100-тина денари, а еден работник со минималец јаде месен нарезок по поскапи цени. И на крајот министерот ќе те убедува дека поскапувањето на цените на одредени производи било за твое добро, затоа што не било здраво тоа да се јаде.

Ситата влада не го верува гладниот народ. Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK