(Видео) Познат идентитетот на напаѓачот од Брисел, уби двајца па се огласи во живо на Фејсбук: „Ги одмаздив муслиманите“

Видео-Познат-идентитетот-на-напаѓачот-од-Брисел-уби-двајца-па.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот кој во терористички напад во Брисел уби две лица, шведски фудбалски навивачи, а рани уште едно лице, се уште е во бегство.


Судејќи според снимката, убиецот избегал со скутер.

Со истиот скутер, според расположливите информации, тој пристигнал во делот на центарот „Сентелтеплеин“, каде што отворил оган од автоматска пушка.

Убиецот, според новите информации кои белгискиот ХЛН ги дознал од полицијата, прво пукал во такси комбе во кое убил двајца шведски навивачи кои пристигнале на натпреварот меѓу Белгија и Шведска. Потоа отишол да пука во третата жртва, која ја ранил.

Според неофицијални информации, станува збор за маж по име Слајем Слоум, по потекло од Тунис. На неговиот Фејсбук по нападот се појави видео во кое тој вели дека „убил тројца Швеѓани“. Едно од трите лица во кои пукал е рането и според последните информации е надвор од животна опасност.

Во видеото, човекот на арапски вели дека е член на ИСИС (Исламска држава) и се фали дека убива неверници.

„Во својот многу насилен говор, тој рече дека убил две лица за да се одмазди на муслиманите и дека ние живееме и умираме за нашата религија“, се вели во соопштението.

По нападот тој побегнал, а полицијата се уште не може да му влезе во трага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK