Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови, информираат од УХМР.
Во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.
Во Скопје времето сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 28 степени.