Затворска казна за поранешниот претседател на Словачка поради затајување данок

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судот во Словачка го прогласи поранешниот претседател Андреј Киска за виновен за затајување данок и го осуди на две години затвор.


Окружниот суд во Попрад му изрече казна од 15.000 евра. Пресудата не е правосилна и неговиот адвокатски тим рече дека ќе следи жалба.

60-годишниот Киска се изјаснил за невин.

Во 2014 година, кога се кандидираше за претседател на Словачка како успешен бизнисмен кој стана филантроп и нов во светот на политиката, според пресудата, Киска незаконски го вклучил данокот на трошоците за изборната кампања во деловните книги на неговата семејна компанија КТАГ.

КТАГ, преку пријателот на Киска, Едуард Кучковски, тогаш бараше поврат на данок над 155.000 евра, а денеска и Кучковски доби условна затворска и парична казна. Во тоа време, Киска го победи Роберт Фицо во трката за претседателската функција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK