Приведен охриѓанец: крадел огревно дрво

Приведен-охриѓанец-крадел-огревно-дрво.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 15.40 часот во атарот на охридското село Скребатно, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.Ќ.(46) од Охрид.


Тој бил затекнат при нелегален транспорт на 8,5 метри просторни нежигосано огревно дрво со товарно моторно возило „ГМЕ“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на В.Ќ. од Охрид.

Товарното возило, огревното дрво и една моторна пила се одземени и предадени на Шумската полиција, соопшти МВР.

Појаснуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK