Вчера во полицијата било пријавено дека во селото Арачиново, скопско, малолетник од Мојанци се здобил со тешки телесни повреди додека се превезувал во автобус со скопски регистарски ознаки.
До повредата дошло кога возачот С.Н.(64) од Скопје нагло закочил, при што малолетеникот паднал, велат од МВР.
Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.