Две девојчиња на возраст од 16 и 17 години се прегазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип.
Според полицијата, денеска околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, патничко моторно возило „цитроен ц1“ со германски национални ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Штип, удрило во две малолетнички на возраст од 16 и 15 години.
Во несреќата, 16 – годишната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Штип.