Дешам нема да зазема категоричен став во „случајот Погба“

Дешам-нема-да-зазема-категоричен-став-во-„случајот-Погба.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп изјави дека Пол Погба е во комплицирана ситуација, но додаде дека нема да заземе категоричен став кон напаѓачот на Јувентус, пренесуваат француските медиуми.


Погба се соочува со суспензија од четири години, бидејќи и анализата на Б примерокот покажа дека е позитивен на тестостерон.

Францускиот фудбалер беше тестиран по случаен избор по натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе во Серија А на 20 август. Натпреварот Погба го следеше од клупата за резерви. Првиот тест покажа дека бил позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста.

„Жал ми е за Погба, многу работи му се случија. Тој е во комплицирана ситуација. Ќе мора да се брани, тоа е дел од долга процедура. Се започна со допинг тест. Не знам што ќе се случи со него, но тоа што се случува е тажно“, рече Дешан.

Погба за француската репрезентација одигра 91 натпревар и постигна 11 голови. Со „триколорите“ ги освои Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации во 2021 година.

„Нема да заземам категоричен или радикален став. Не знам како ќе изгледа неговата иднина, но очигледно е потребно време. Помина долго време откако Погба е со нас. Не знам што ќе се случи, но се надевам дека ќе ја најдам неговата насмевка, неговата смиреност и неговата игра“, изјави Дешан.

Италијанското антидопинг тело ја потврди суспензијата минатиот месец, додека Јувентус соопшти дека ќе ги разгледа следните процедурални чекори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK