Легендата на италијанскиот фудбал Филипо Пипо Инзаги наскоро ќе стане нов тренер на Салернитана, пренесува новинарот Орацио Акомандо.
Двете страни постигнале договор, кој наскоро ќе биде официјализиран. Пипо ќе потпише договор до крајот на сезоната, кој ќе биде продолжен доколку Салернитана избори опстанок во Серија А.
Покрај него, кандидати биле и швајцарскиот стручњак Владимир Петковиќ и поранешниот италијански репрезентативец Даниеле де Роси.
Салернитана под водство на Пауло Соуса, кој се уште не е отпуштен, е на 19. место со три бода и без победа од почетокот на сезоната.
Во својата тренерска кариера Инзаги ги водеше Милан, Венеција, Болоња, Беневенто, Бреша и Реџина.