Полковник на израелската армија загина во судири на границата со Либан

Полковник-на-израелската-армија-загина-во-судири-на-границата-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската армија рано утринава соопшти дека нејзин висок офицер загинал во судири на северната граница на Израел со Либан.


Беше наведено дека е убиен полковникот Алим Абдалах, но не беше прецизирано под кои околности.

Палестинските екстремисти од Исламскиот џихад се инфилтрираа од Либан во Израел, што предизвика израелско гранатирање на јужен Либан.

Либански Хезболах соопшти дека пет членови на проиранската организација биле убиени и возвратиле со истрелување ракети и минофрлачки проектили врз две израелски воени бази преку границата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK