Русија ќе ги користи нападите на Хамас во Израел за да шири пропаганда за поддршка на нејзината инвазија на Украина, тврди американскиот Институт за проучување на војната.
„Кремљ веќе го обвини Западот за занемарување на блискоисточниот конфликт со концентрирање на напорите во Украина. Сега Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, тврди дека САД и нивните сојузници требало да работат на палестинските и израелските прашања, наместо да се „мешаат“ со Русија.
Овие наративи од Кремљ се насочени кон западната публика за да „забијат клин“ во воената поддршка за Украина. Тие се обидуваат да го деморализираат украинското општество тврдејќи дека Украина ќе ја изгуби меѓународната поддршка и имаат намера да ја убедат домашната руска публика дека меѓународното општество ќе ги игнорира воените напори на Украина“, велат од Институтот за проучување на војната.