ДОМ: Преку европски искуства до зелени вредности дома

ДОМ-Преку-европски-искуства-до-зелени-вредности-дома.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ДОМ заедно со данските зелени одржаа конференција на тема „Преку европски искуства до зелени вредности дома“. Конференцијата ја отвори претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, а свои презентации од ДОМ имаа и Христина Оџаклиеска и Ервин Реџепагиќ, додека од Зелено левата партија на Данска се обратија Нилс Хакстхаузен, Тогер Лаутруп Кнос и Кристине Амали Ростгард.


Темите на кои се зборуваше на конференцијата се однесуваа на усогласеноста на македонското законодавство со директивите на ЕУ во областа на заштитата на животната средина и во контекст на примена на одредбите од Европскиот Зелен Договор, предизвиците во имплементација на постојните законски решенија на локално и национално ниво, како и енергетската ефикасност и можноста за формирање енергетски задруги од страна на граѓаните и бизнисите, а на иницијатива на ДОМ, со цел да се забрза процесот на праведна транзиција кон обновливи извори на енергија.

На работилниците во рамки на конференцијата се дискутираше и на темите од областа на управување и справување со опожарените шуми и дивата сеча со цел да се заштити биодиверзитетот во тие подрачја, како и управувањето со отпад на регионално и локално ниво.

Заклучоците кои се носеа во текот на сите дискусии беа во функција и ќе бидат имплементирани во Изборната програма на ДОМ за претстојните парламентарни избори.

Беше изразено задоволство од споделените искуства и насоки за креирање зелени политики и се истакна дека ваквиот тип на соработка помеѓу ДОМ и Зелено левата партија од Данска ќе се продлабочи и продолжи на долг рок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK