Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, одлучи да повика уште еден фудбалер за натпреварот против Украина во Прага и пријателскиот меч против Ерменија во Струмица. Дополнителен повик доби крилниот напаѓач Ердон Даци.
Фудбалерот на белгискиот прволигаш Вестерло ќе биде присутен на утрешниот собир во 12 часот во хотел „Хилтон“.