Принцот Вилијам беше почесен гостин на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем каде се одигра натпреварот помеѓу „Астон вила“ и „Зрињски“ од Мостар.
Принцот од Велс е голем фан на „Астон вила“. Често го посетува стадионот на клубот и ги следи натпреварите во живо. На социјалните мрежи често се појавуваа снимки од Вилијам како се радува и скока откако играчите на „Астон вила“ ќе постигнат гол.
Синоќа „Астон вила“ го победи „Зрињски“ со 1:0. Клубот од Босна и Херцеговина, првиот претставник на оваа земја во европските натпреварувања, беше блиску до освојување на голем бод на гостувањето во Бирмингем против петтиот тим од Премиер лигата.