Русите продолжуваат со бруталните напади врз Харков: експлозии одекнаа во центарот на градот, има повредени

Русите-продолжуваат-со-бруталните-напади-врз-Харков-експлозии-одекнаа-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските сили утринава го нападнаа градот Харков, а според првичните информации има повредени, соопштија украинските власти.


„Градот Харков е под оган. Има информации за напад на центарот на градот“, објави градоначалникот Игор Терехов на Телеграм, пренесува Униан.

Украинските медиуми јавуваат дека во Харков се слушаат експлозии.

Во моментот на првите извештаи за напади во областа, немаше предупредување за воздушен напад.

Шефот на регионот Харков, Олег Синегубов, објави дека, според прелиминарните информации, има повредени во областа Киев и Основјан во Харков.

„Три лица се полесно повредени“, изјави Синегубов.

Во вчерашниот руски напад врз цивилни објекти во источна Украина загинаа најмалку 51 лице, меѓу кои и шестгодишно момче, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко. Во четвртокот во раните попладневни часови, во селото Хроза, во областа Харков, беа погодени кафуле и продавница во време кога таму имало многу цивили. Седум лица се хоспитализирани по нападот.

Москва се уште не ги коментираше настаните во Хорза. Русија негира дека напаѓа цивилни цели во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK