Вчера во 17 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот гостиварец Х.И., кој бил пријавен од неговата 58-годишна сопруга дека физички ја нападнал и дека околу 15 часот предизвикал пожар во семејниот дом.
Со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот е локализиран, повредени лица нема, а Х.И. е задржан во Полициската станица Гостивар.
По документирање на случајот, проти него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.