Гвардиола: Тренер сум 15 години, ваков играч досега не сум видел

Гвардиола-Тренер-сум-15-години-ваков-играч-досега-не-сум.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер сити го совлада Лајпциг со 3:1 на гостински терен во второто коло од Лигата на шампионите и покрај тоа што играше со комбиниран тим.


Шанса во стартниот состав доби 18. годишниот Рико Луис. Играше на средината на теренот заедно со Родри, а со својата игра го воодушеви Пеп Гвардиола.

„Каков играч. Неверојатно, извонредно. Има 18 години, а може да игра на четири, пет позиции, не се плаши, одличен е во одбраната. Јас сум тренер 15 години, тренирав неверојатни играчи, но тој е најдобриот со кого сум работел“, порача Гвардиола.

Луис е роден во Манчестер и потекнува од младинската школа на Манчестер сити. Во ноември ќе наполни 19 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK