181 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.



Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK