Македонски концепт: Бујар Османи свесно ја внесува Македонија во српско-косовскиот судир

1692603619_bujar-osmani-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Партијата Македонски концепт најостро ги осудува низата обиди на т.н. министер за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, со кои директно и свесно ја внесува Македонија во српско – косовскиот судир, што е дел од руското сценарио за дестабилизација на Балкан и јужното крило на НАТО.


„Бујар Османи повеќе се однесува како министер на Косово или на Русија од колку министер на Македонија, земја членка на НАТО. Со последната изјава дека Србија треба нешто да докажува на Косово, во спротивно Македонија треба да преземе непријателски дејства кон своите соседи, тој дирекно придонесува кон дестабилизација на нашиот регион, особено го помага Косово во очајните обиди за извоз на тероризам и етнички шовинизам кон сите соседи“, се истакнува во реакцијата на партијата.

Ова особено од аспект, како што велат, што истиот човек претседава со ОБСЕ, но не во име на ДУИ или на Косово или учк, туку во име на Македонија и сите нас македонските граѓани, што дава дополнителна тежина на неговата злоупотреба на службена положба и овластувања, што е кривично дело и за истото треба да одговара пред правосудниот систем на Македонија, не на Косово.

„Проектот Отворен Балкан за нашата партија беше промашена инвестиција уште на почетокот на истиот и навреме реагиравме во таа насока. Но вмешување на Македонија во странски судири, особено помеѓу нашите соседи, е дирекно работење против мирот и стабилноста и против македонските национални интереси“, велат од Македонски концепт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK