(Видео) Руската новинарка која упадна во етер со натпис „Стоп за војната“ осудена на осум години затвор

Видео-Руската-новинарка-која-упадна-во-етер-со-натпис-„Стоп.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот суд ја осуди, во отсуство, на осум и пол години затвор поранешната новинарка на државната телевизија Марина Овсјаникова, која се појави во информативна емисија со плакат на кој пишуваше „Стоп за војната“ и „Ве лажат“.


Овсијаникова беше прогласена за виновна за „свесно ширење лажни информации за руските вооружени сили“, се вели во соопштението објавено од судот на Телеграм.

Новинарката, која побегна од Русија пред една година, веќе е казнета за слични прекршоци во август 2022 година. Овсијаникова стана позната во средината на март 2022 година, откако се појави сред вести на телевизиската станица за која работеше. Таа носеше натпис со кој ја осудува офанзивата во Украина и „пропагандата“ на медиумите под контрола на владата.

Снимката од нејзината акција, само неколку недели по почетокот на рускиот напад, го обиколи светот. Многу луѓе ја пофалија нејзината храброст, во контекст на репресијата на секој критички глас во Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK