Поведена постапка за делови од Законот за средното образование кои се однесуваат на користење бесплатен јавен превоз

Поведена-постапка-за-делови-од-Законот-за-средното-образование-кои.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судот, постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот 41-а став 1 во делот „јавно” од Законот за средното образование, информираат од Уставниот суд.


„Исто така, по сопствена иницијатива, Судот одлучи да се поведе постапка и за оценување на уставноста на став 3 во делот „јавното“ од истиот член.

Причината за постоење основано сомнение во уставноста на овие делови од одредбите од Законот за средното образование, е што според Судот, со истите се повредува уставниот принцип на еднаквост, на начин што се воспоставува различен третман за учениците во јавните, во однос на учениците во приватните средни училишта при користењето на бесплатен превоз до училиштето, односно се предвидува ова право да го користат само редовните ученици во јавните средни училишта.

Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 41-а став 2 од Законот за средното образование“, се додава во соопштението на Уставниот суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK