Полициски службеници припадници на редовниот состав од полициската станица од општа надлежност, од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, како и од криминалистичката полиција, утре – среда и задутре – четврток, со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје.
Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.
Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар”, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.
Апелираaт до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.