Натпреварите во групите А, Б, Ц и Д ќе го отворат второто коло во Лигата на шампионите. Дербито на вечерта ќе се одигра на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, каде Наполи ќе му биде домаќин на Реал Мадрид. Интересно се очекува да биде и во Милано, каде во реприза на минатосезонската пресметка во осминафиналето, Интер ќе ја пречека Бенфика.
Наполи полека ја крева формата и го заборава скандалот што му го предизвика клубот на Виктор Осимен. Во Лигата на шампионите Наполитанците стартуваа со победа во Брага, сега ќе се обидат да слават и против најтрофејниот клуб во ова натпреварување. Елиф Елмаз ќе биде во ростерот, но прашање е дали ќе добие шанса од Руди Гарсија.
Нападот на Наполи ќе го преводат Кварацхелија и Осимен.
„Пораснав гледајќи го Реал на телевизија, а сега ќе ми бидат ривали на теренот, дури и на нашиот стадион. Невозможно е да не бидете среќни на една ваква ноќ. Го почитуваме противниокот, но не се плаши од никого. Ние не сме шампиони на Италија и ќе направиме се што можеме за да победиме на овој натпревар“, изјави Грузиецот кој откри дека Гуту и Кристијано Роналдо му биле идоли.
Реал ја надмина мини кризата која им ја предизвика поразот од Атлетико во градското дерби. Во Неапол тимот на Анчелоти ќе биде посилен за Винисиус Жуниор кој по речеи еден месец пауза се врати во тимот. Играше минатиот викенд против Џирона.
Во ова коло од 18.45 часот ќе започнат натпреварите Стразбур-Реал Сосиедад
и Унион Берлин-Брага.
Група А:
Копенхаген-Баерн Минхен
Манчестер јунајтед-Галатасарај
Група Б:
Ленс-Арсенал
ПСВ Ајндховен-Севилја
Група Ц:
Наполи-Реал Мадрид
Унион Берлин-Брага
Група Д:
Стразбур-Реал Сосиедад
Интер-Бенфика