Грковска-Клеин: Продолжува поддршката од Унгарија во евроинтеграцискиот процес

Грковска-Клеин-Продолжува-поддршката-од-Унгарија-во-евроинтеграцискиот-процес.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа средба со амбасадорот на Унгарија во земјава, Андраш Клеин.


Грковска се заблагодари за поддршката којашто нашата држава ја добива од Унгарија во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во актуелниот чувствителен период на геополитички реструктуирања, кога процесот на проширување претставува и безбедносно прашање за земјите од регионот, но и за самата Унија.

Клеин нагласи дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е висок приоритет за неговата земја, која во втората половина од 2024 година ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ. Во поглед на предизвиците со кои се соочува Северна Македонија на патот кон полноправно членство, тој изрази загриженост поради можноста од раздвојување на процесите на интеграција на Северна Македонија и Албанија.

Двајцата соговорници се согласија дека во остварувањето на стратешките цели, справувањето со корупцијата е еден од најважните приоритети. Во таа насока, вицепремиерката го информираше амбасадорот Клеин за активностите кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење во делот на јакнење на антикорупциските алатки и механизми, а беа споделени и мислења за актуелните измени во легислативата и за состојбата во правосудниот систем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK