Вчера во 9 часот и 45 минути полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 62-годишниот М.Ј. од тетовско село.
Tој претходно бил пријавен од неговата 50-годишна сопруга дека физички ја нападнал и ја оштетил покуќнината во нивниот семеен дом.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.