Над 60 ученици хоспитализирани поради бонбони од канабис

Над-60-ученици-хоспитализирани-поради-бонбони-од-канабис.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 60 ученици од основни училишта се хоспитализирани во Јамајка откако јаделе бонбони со канабис, соопштија локалните власти.


Министерката за образование и млади на Јамајка, Фајвал Вилијамс изјави за Си-Ен-Ен, повикувајќи се на информации добиени од лекарите, дека ниту едно од околу 60 хоспитализирани деца на возраст од 7 до 12 години не е во критична состојба.

Откако јаделе бонбони со канабис, децата почнале да повраќаат и да халуцинираат, објави Вилијамс на платформата Икс (Твитер).

„Повеќе од 60 основци мораа да бидат хоспитализирани. Едно момче рече дека јадело само една бонбона, толку е силен производот. Родители, внимавајте! напиша Вилијамс.

Таа објави фотографија од бонбоните завиткани во пакување во боја на виножито.

Во пакувањето е наведено дека производот содржи Делта-8 тетрахидроканабинол, познат како делта-8 ТХЦ, психоактивна супстанца која се наоѓа во растението Канабис сатива, чии видови, според веб-страницата на Американската агенција за храна и лекови (ФДА), се марихуана и коноп.

Според американската агенција, има психоактивни и опојни ефекти.

Министерката објави и фотографија од пакувањето на бонбоните на кое се гледа владиното предупредување на задната страна „Да се ​​чува подалеку од дофат на деца“ и дека не е наменета за употреба од лица помлади од 21 година.

Во Јамајка, од 2015 година, употребата на канабис е декриминализирана за лица постари од 18 години доколку поседуваат 56 грама или помалку и тоа се третира како полесен прекршок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK