15-годишно девојче почина откако утринава беше избодено со нож во автобус пред трговскиот центар во Кројдон, Велика Британија, потврди полицијата.
Инцидентот се случил во автобусот додека девојката одела на училиште.
Полицајците се упатиле кон трговскиот центар околу 8:30 часот.
BREAKING: A 15-year-old girl has died after being stabbed in Croydon, south London.
Police were called to Wellesley Road at about 08:30hrs, but the girl later died at the scene.
Story here 👉 https://t.co/J6RJgwFciT
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/abpYUqYIht
— Sky News (@SkyNews) September 27, 2023
Болничарите се бореле да го спасат животот на 15-годишното девојче, но кај неа била констатирана смрт на местото на настанот 50 минути подоцна, во 9.21 часот.
Видеата и фотографиите на Твитер покажуваат голем број полицајци на местото на настанот.
„Мирор“ пишува дека девојчето било нападнато на пат кон училиште.
Полицијата уапсила тинејџер во врска со нападот.
Се сомнева дека ја познавал жртвата.
Засега не е познато зошто се случил нападот.
„Во оваа рана фаза веруваме дека ја познавал. Местото на нападот е опколено, благодарни сме на јавноста за нивната соработка“, изјави полицаецот Енди Бритен.
Сведок во автобусот за „The Sun“ изјави дека девојчето било облечено во „зелена училишна униформа“.
„Сите истрчаа од автобусот кога тоа се случи“, раскажал сведокот.