Синоќа во селото Групчин, Тетовско, полициски службеници во присуство на родител, привеле малолетник од ова село.
Тој се сомничи дека околу 17.50 часот пред трговски центар во Тетово, при физичка пресметка, со остар предмет нападнал малолетник од селото Копачиндол, тетовско и му нанел повреди, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.