Се запали возило на италијанската амбасада во Скопје

Се-запали-возило-на-италијанската-амбасада-во-Скопје.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Возило на Амбасадата на Италија се запалило вчера на место викано Теферич-Кисела Вода.

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода излегле местото на настанот, при што е констатирано дека е опожарено возило „џип”, сопственост на Амбасадата на Италија, а управувано од Д.М.(41) од Скопје.

Возачот објаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба, при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот.

Опожарен е делот на моторот и шал таблата. Повредени нема.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK