СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишниот А.Д. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикажување на порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“, извести МВР.
– Во јануари 2023 година, пријавениот со закана направил видео запис со експлицитна содржина од малолетничка, по што преку мобилни апликации го споделил записот на нејзиното семејство и соученици, соопшти МВР.