Скопјанец на 46-годишна возраст е приведен откако при полициски преглед кај него бил пронајден хероин. Министерството за внатрешни работи информира дека тој бил лишен од слобода вчера попладне од страна на Интервентната полиција.
„На 6 ноември 2026 година, околу 15:20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.М. (46) од Скопје, бидејќи при преглед кај него бил пронајден хероин“, информираат од МВР.
За случајот бил известен јавен обвинител, по чии насоки С.М. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.