Во населбата Влае, на плоштадот „Делфина“, вчеравечер продолжи овогодинешното издание од „Културно Лето Карпош 2023“. Многубројната публика од сите возрасти, повторно покажа заинтересираност за ваквиот вид на културни настани организирани од Општина Карпош.
На почеток од вечерта, настапија актерите од Театарот за деца и младинци, кои изведувајќи ја куклената претстава „Лакомата меца“ ја воодушевија публиката и предизвикаа огромно задоволство кај сите карпошани кои имаа можност да уживаат во ова креативна изведба.
На сцената беше отсликана одлична приказна, а особено беше предизвикана со радост и уживање кај најмладите.
Театарот за деца и младинци, со кој се гордее македонската нација, е освојувач и на многу престижни меѓународни награди и признанија, оваа година како дел од „Културно Лето Карпош 2023“го претстави својот весел и магичен дух пред жителите на Општина Карпош за убаво продолжение на карпошовата културна манифестација.
За преостанатиот дел од вечерта на „Делфина“ се погрижи познатата поп пејачка и кант-авторка на забвана музика Мијата која со свој уметнички перфоманс како и секогаш на оригинален начин ја освои публиката со своите интерпретации и позитивната енергија.
Преку својата музика и со раскошниот вокал како и секогаш поразлична и поспецифична од останатите, Мијата, овојпат на традиционалната карпошова културна манифестација создаде незаборавно музичко шоу во кое уживаа карпошани.