Морбидели во Прамак Дукати

Морбидели-во-Прамак-Дукати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По неколкунеделни најави и шпекулации, сега е и официјално – Франко Морбидели од следната сезона ќе го замени Жоан Зарко во Прамак Дукати во Мото ГП шампионатот.


На овој начин се затвори кругот. Алекс Ринс ќе го замени Морбидели во фабричкиот тим на Јамаха, додека Зарко ќе го заземе местото на Ринс во ЛЦР Хонда.

Трансферот на Морбидели беше речиси завршен, но беше одложен бидејќи се чекаше одлуката на Марко Бецеки, кој беше примарна цел на Прамак Дукати. Сепак, Бецеки одлучи да остане со својот сегашен тим ВР46, во голема мера поради одличните меѓучовечки односи што ги изгради таму.

Така, Морбидели доби едно од најпосакуваните места во Мото ГП караванот, по две и пол не многу добри сезони на Јамаха. Негов колега во тимот ќе биде Хорхе Мартин.

Морбидели има 28 години, шампион е на Мото 2 шампионатот во 2017 година, а во кралската класа има три победи и вкупно шест пласмани на подиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK