Експремиерот Никола Груевски тврди дека од никого не побарал амнестија за него кај актуелниот претседател, Стево Пендаровки.
Груевски го повика јавно Пендаровски јавно да соопшти кој му барал амнестија. Ако тоа се случи, и ако тоа воопшто било така, вели Груевски, потоа споменатите лица би ги замолил јавно да кажат и покажат дали е тоа точно и доколку е точно дали тој побарал од нив да бараат амнестија за него кај Пендаровски.
Груевски се осврна и на измените на кривичниот законик, коментирајќи дека има многу шпекулации дека бил правен заради него.
„Од многу монтирани предмети против мене, ова ќе има ефект во само еден предмет, во смисла на негова целосна елиминација. Тоа е предметот ТНТ, кој во нормална држава немаше да се случи, туку сопственикот на дивоградбата докажана со 30 судски одлуки ќе одеше во затвор“, вели Груевски, додавајќи дека секој човек кој размислува со своја глава ќе констатира дека од 7, 8 или 9, како што вели, политички мотивирани предмети, кои ако имало нормално обвинителство и власт немале ни да почнат, ако еден судски предмет се намали, нему не му менува многу.
Груевски тврди дека немало никакви тајни средби за кривичниот закокник на кои тој учествувал.