Жителите на општина Кисела Вода, оваа сабота, на 23-ти септември имаат можност да го збогатат своето секојдневие со моменти на среќа и смеа во паркот ,,Македонија” (кај домот на култура ,,Билјана Беличанец”), каде свој стенд ап настап ќе има Бојан Велевски, еден од најактуелните комичари кај нас периодов.
Човекот кој има инспирација секогаш да нѐ насмее, миленикот на сите генерации, Бојан Велевски, подготвува прекрасна саботна вечер во која сите присутни ќе можат да се опуштат, и насмеани и расположени да уживаат, велат организаторите.
Настанот е закажан за во 20 часот и за него не се потребни влезници. Истиот е дел од неговата голема турнеја, најголемата стенд ап турнеја во Македонија, но и дел од стратегијата и заложбите на Општина Кисела Вода за обезбедување квалитетни и актуелни содржини за своите граѓани.