Синоќа во 03.50 часот на Граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(56) од Република Турција.
При пасошка контрола било констатирано дека датумот на важност на неговата патна исправа бил преправан со пенкало.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.