Зеленски и Лавров очи во очи во Њујорк: за првпат од почетокот на војната ќе бидат во иста просторија

Зеленски-и-Лавров-очи-во-очи-во-Њујорк-за-првпат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Њујорк денеска почнува 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации на која ќе се соберат повеќе од 140 светски лидери и државни претставници, а меѓу главните теми се очекува да бидат климатските промени и војната во Украина.


Вообичаено е претседателот на Генералното собрание, Антонио Гутереш да го има првиот говор во генералната дебата.

Традиционално, прва земја на која ќе се обрати е Бразил, а потоа САД, кои се домаќини на собирот.

После тоа, редоследот на говорниците се одредува со сложен алгоритам заснован на нивото на застапеност, географска рамнотежа и други критериуми, пишува Гласот на Америка (VOA).

На маргините на Генералното собрание ќе се одржат бројни билатерални и мултилатерални разговори, а планирана е и средба на лидерите на земјите од Западен Балкан и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

На седницата ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Се очекува и двајцата да се обратат на Генералното собрание и да разговараат со американскиот претседател Бајден на маргините на настанот.

Според информациите што може да се слушнат во Њујорк, Зеленски треба да зборува и на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Украина во среда, што значи дека технички ќе биде на иста маса со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави Гласот на Америка.

Според досегашните информации, американскиот претседател ќе биде највисоко рангиран лидер кој ќе претставува една од земјите-членки на Советот за безбедност со право на вето во тоа тело, откако беше објавено дека Риши Сунак ќе биде првиот британски премиер што ќе прескокне седница на Генералното собрание за повеќе од една деценија, додека францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не може да присуствува поради напорниот распоред.

Кинескиот лидер, Си Џинпинг никогаш не присуствува на Генералното собрание на ОН, а се уште не е познато дали потпретседателот Хан Женг ќе ја претставува Кина наместо министерот за надворешни работи Ванг Ји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK