Украинската заменичка министерка за одбрана Хана Маљар е разрешена од функцијата, заедно со уште пет други функционери, потврди украинската влада.
Маљар беше истакната личност за време на инвазијата на Украина, објавувајќи дневни вести за напредокот на земјата на фронтот.
Заедно со неа разрешени се уште пет функционери кои засега не се именувани, но се чини дека станува збор за други заменици министри, пишува Скај Њус. Владата не ја наведе причината за нивното разрешување.
Овој потег доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше Рустем Умеров за нов министер за одбрана претходно овој месец.