Ноќва во 01.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода 24-годишниот И.Н. од скопско Трубарево, извести МВР.
– За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје. Тој бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
И.Н. е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.