Во изминативе 20 години од регионот на Гостивар и Тетово дипломирале повеќе од 15.000 правници и економисти, додека градежни инженери речиси во само симболична бројка, велат од опозициската партија на Албанците од Македонија, Демократско движење.
– Ние како Демократско Движење ги даваме овие податоци во контекст на изјавата на Артан Груби за 2.000 вработувања во Бехтел Енка за работа во Коридорот 8. Тогаш испаѓа дека на овие работни места ќе има само физички работници (можеби и со факултети), бидејќи градежни инженери Албанци тешко дека ќе се најдат. Дури и Груби знае дека меѓу овие 2 илјади вработени ќе има и Македонци декларирани како „Албанци“, бидејќи се уште има такви вработувања кои ги оправдува познатиот „балансер“ за вработување на „Албанци“, велат од партијата.
Во контекст на вработувањето, треба да се нагласи дека во 2022 година во државната администрација биле вработени вкупно 382 Албанци, додека во 2023 година (до овој месец) само 124. Во минатото, само за информирање на Груби, динамиката за постигнување на процентот за правична застапеност бил околу 1500 Албанци годишно. Иако министерот за финансии е Албанец, вработувања во државните институции не се дозволени, велат од Демократско движење.
– Значи, прашањето за вработување во изградбата на Коридорот 8, што се однесува до Албанците, ќе биде донекаде проблематично, бидејќи младите, особено Албанците, избегаа во различни земји во потрага по подобар живот. Тоа покажува дека Груби лаже во однос на подобрување на благосостојбата на Албанците и дека мал ќе биде бројот на Албанците меѓу 2.000-те кои се очекува да работат на дел од Коридорот 8 што почнува од Гостивар во правец кон Кичево, велат од Демократско движење.