Познатата катедрала во Киев од денеска и на листата на загрозено светско наследство

katedrala kiev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Катедралата Света Софија во Киев и средновековното јадро на градот Лавов на западот на Украина се ставени на листата на УНЕСКО на загрозени светско наследство, објави агенцијата на Обединетите нации (ОН).

Познатата катедрала во Киев и центарот на Лавов веќе се на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, но од денеска се и на листата на загрозено светско наследство.


Не постои механизам за да се обезбеди спроведување на оваа одлука донесена од Комитетот за светско наследство на ОН, но таа може да има застрашувачки ефект врз можните руски напади на овие области.

Ниту една од овие локации не беше погодена од руски ракети и беспилотни летала откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари, а самиот Лавов во голема мера беше поштеден од борбени акции.

Сепак, Киев и другите украински градови се цел на руски беспилотни летала од иранско производство, а ударите се изведуваат и врз комуналната и друга инфраструктура, како и врз цивилни објекти.

Одлуката е донесена на 45. седница на Комитетот за светско наследство на ОН, кој заседава во Саудиска Арабија.

Комитетот ги надгледува листите на светско наследство на УНЕСКО и зачувувањето на заштитените места.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK