Македонската компанија ЕКОТИП станува застапник на најсовремена технологија за филтрација на вода, добитник на нобелова награда

FOTO_Ekotip_25 Godini_2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За својот 25-годишен јубилеј, македонската компанија ЕКОТИП воспостави  стратешко партнерство со Aquaporin – водечка светска компанија за иновативни системи за филтрација на вода, кои се базираат на откритие наградено со Нобеловата награда, а чија технологија ја користат НАСА и Европската вселенска агенција. Стратешкото партнерство со ЕКОТИП го поздрави и Петер Холме Јансен, основач и главен иновациски директор на Aquaporin, кој за оваа прилика специјално допатува во Скопје.

Ова најново стратешко партнерство му овозможува на ЕКОТИП да ги понуди на домашниот пазар, како и во уште 30 други земји, овие иновативни технолошки решенија кои се тестираат во вселената, од страна на астронаути во Меѓународната вселенска станица, а наоѓаат широка примена во многу индустрии и во домовите на луѓето низ целата планета.


„Околу 70% од површината на Земјата е покриена со вода, но помалку од 1% од неа е безбедна за пиење… и ситуацијата се повеќе се влошува. Нашата најважна компаниска мисија е преку стратешките партнерства што ги развиваме со водечките светски високо-технолошки гиганти да понудиме иновативни решенија кои ќе помогнат во зачувување на највредните природни ресурси, меѓу кои секако е водата. Среќни сме и особено горди што првите 25 години од нашето постоење ги заокружуваме со уште едно значајно стратешко партнерство, како што е ова со Aquaporin, кое ни овозможува да го направиме светот почисто и поздраво место за живеење“, изјави основачот на ЕКОТИП, Илија Андреевски.

Покрај во областа на филтрација на вода и останати течности, преку иновативниот пристап, соработката и стратешките партнерства со реномирани светски hi-tech компании, во изминатите 25 години ЕКОТИП успеа да се позиционира како водечка домашна компанија која нуди најсовремена опрема, системи и софистицирани технолошки решенија и во области како се: производство на електрична енергија од сонцето (фотоволтаици), филтрација на воздух, заштита при работа и други, како и во производството на храна и пијалаци, медицината, фармацијата, автомобилската, металната индустрија и микоелектрониката.

Упатувајќи голема благодарност кон сите партнери, вработени и клиенти кои имаа одлучувачка улога за развојот на ЕКОТИП во изминатите 25 години, Андреевски порача: „Следните 25 години имаат огромен потенцијал за нашите партнерства. Стоиме на работ на ера на големи промени и иновации во која одржливите решенија и технолошкиот напредок ќе ги обликуваат нашите животи. Ние го знаеме патот и ги имаме решенијата. Заедно ќе продолжиме да ги поместуваме границите на иновациите, обезбедувајќи ја најсовремената опрема што ги надминува сите очекувања. Нашата заедничка посветеност за грижата за животната средина и одржливоста ќе нѐ води напред, обезбедувајќи посветла и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат“.

Инаку, специјален гостин на прославата на 25-от роденден на ЕКОТИП беше хрватскиот пејач и гитарист Дарко Рундек, познат на домашната јавност како фронтмен на еден од најпопуларните музички групи на сите времиња на овие простори – Хаустор и човек кој со својот животен стил и творештво ги дели истите вредности за одржлив развој како и луѓето што го сочинуваат ЕКОТИП.

Повеќе информации за ЕКОТИП се достапни на: ecotip.com.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK