Утрово во 00.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(31) од струшкото село Франгово и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.О.(34) од селото Велешта.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.М., констатирани во болницата „Сав.Еразмо“ во Охрид.
Со телесни повреди се здобиле возачот А.О. и неговиот сопатник А.В.(23) од Велешта, констатирани во Општа болница Струга. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.