ЦУК: Со воздушна поддршка и со противпожарни сили од земја се дејствува врз двата големи пожара во општините Чашка и Долнени

ЦУК-Со-воздушна-поддршка-и-со-противпожарни-сили-од-земја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во атарот на село Црнилиште, Општина Долнени, што почна околу 11:25 часот вчера, се прошири на два крака и тоа во правец на село Долгаец и кон село Стровија. Опожарена е голема површина на уредена шума. Интервенираат Територијалната противпожарна единица Прилеп со 11 пожарникари и три ПП возила, пет вработени од ЈП „Национални шуми, подружница „Црн Бор“ од Прилеп со специјално возило и четири лица од Ловечко друштво село Црнилиште.



– Во координација со локалните структури, во поддршка на лицата кои гаснат од земја, приклучени се еден хеликоптер на МВР и трите противпожарни авиони „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Истите досега направија неколку успешни налети, со што кракот што се движи кон село Долгаец е локализиран и се пристапува кон негово целосно доизгаснување. По ова веднаш дејството на хеликоптерот на МВР е ориентирано врз каркот од пожарот кон село Стровија, велат од ЦУК.

Од околу 12:30 часот на територијата на Општина Чашка, кај селата Ореше и Богомила вчера, започна пожар при што гори дабова шума и габер. На истиот од утринските часови интервенираат 10 вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес.

Како воздушна поддршка, во координација на силите кои гаснат од земја, е испратен хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ), што веќе неколку пати дејствува на сртот над селата Ореше и Богомила. Таму има „гола сеча“ од пред неколку години, но насобраниот отпаден материјал претставува висок ризик за гаснење од земја. Во текот на денот, веднаш, по намалување на опасноста на пожарот во Општина Долнени, трите ПП авиони „ер трактор“ и хеликоптерот на МВР е планирано да интервенираат во Општина Чашка.

Постои отворена можност, овие два пожара од Општините Чашка и Долнени да се спојат во еден, се додава во соопштението на ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK