Вчера вечер околу 20.30 часот во село Батинци, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода 24-годишниот М.Џ. од село Батинци. Тој бил затекнат како со товарно возило „там“ врши транспорт на огревно дрво без документација, извести МВР.
– Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.