Новиот пех на претседателката на ЕК: Говорот на Урсула беше толку досаден што нејзинa комесарка почна да плете

URSULA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон беше снимена како плете за време на вчерашниот говор на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за состојбата на ЕУ.

Фон дер Лајен одржа говор на почетокот на новата законодавна година, каде што Комисијата ги објавува своите планови и приоритети за наредната година, за време на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, Франција.


Иако љубовта на Илва Јохансон кон плетењето не е ништо ново, нејзината одлука да го стори тоа за време на главниот говор на нејзиниот шеф предизвика шпекулации за посветеноста на европските комесари на нивната работа.

Британскиот политичар и поранешен пратеник во Европскиот парламент Најџел Фараж го коментираше инцидентот на Икс, порано познат како Твитер.

„Дури и европските комесари на Урсула фон дер Лајен мислат дека она што таа има да го каже е досадно до смрт!“ тој напиша.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK