Наставната програма не е задолжителна, велат од Бирото за образование за прашалникот за хетеросексуалноста

Наставната-програма-не-е-задолжителна-велат-од-Бирото-за-образование.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се работи за изготвен прирачник за наставници врз основа на наставна програма кој не е задолжителен. Ваква е реакцијата на Бирото за развој на образование откако социјалните мрежи денес беа преплавени со извадоци од работни листови по програмата Образование за животни вештини во кој се тестира хетеросексуалноста на учениците.


Од Бирото за образование објаснуваат дека наставната програма е донесена од министерот за образование и наука, а Прирачникот е одобрен од директорот на Бирото за развој на образование и министерот за образование и наука во 2011 година.

Се работи за наставната програма којашто не е задолжителна, односно наставниците во средните училишта имаат слобода да изберат кои содржини (и соодветно на тоа кои работни листови) ќе ги реализираат и во кој период од учебната година со цел да одговорат на потребите на адолесцентите. Истата, како што се објаснува, може да се реализира на часот на класната заедница со учениците од прва до четврта година во сите видови средно образование.

„Во програмите за средно образование (од прва до четврта година), во темата Здраво живеење има разработено содржини, цели и активности кои се однесуваат на сексуалното здравје. Со оглед на тоа дека Прирачникот (како и работните листови) и наставната програма за образование за животни вештини се изработени пред една деценија, истите ќе бидат предмет на ревизија во наредниот период кога се планира реформа на средното образование согласно нов Закон за средно образование“, велат од Бирото.

Се додава дека имајќи ја предвид, брзината со која се шират сензационалистички и лажни вести на социалните мрежи повторно апелираат до граѓаните, а особено до родителите и младите да ги земат со голема доза на претпазливост и да ги проверуваат сите информации што се споделуваат во врска со образованието на младите, а коишто не се официјално потврдени од надлежните институции.

„Макфакс“ претходно објави дека на социјалните мрежи се споделуваат контроверзни прашања од програмата Образование за животни вештини за средно образование. Прашањата се наоѓаат во работните листови, во делот „Индентитети“, и се однесуваат на хетеросексуалноста и нејзиното преиспитување. Меѓу прашањата за средношкоците имаше: Дали е можно вашата хетеросексуалност да е само фаза којашто ќе ја надминете?; Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?; како и: Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK